|
Спорт
|
| ФУДБАЛОТ ПРОДОЛЖУВА ДА
СЕ ТРКАЛА, НО КАДЕ ? |
| Фудбалската треска
повторно ја заразува Европа, но и овојпат ние ќе бидеме само сведоци на
таа треска.Некои преку ТВ а некои пак ќе имаат среќа нешто од тоа да
видат и во живо. И во двата случаи во Македонија се е по старо, иако се
ветува секоја година дека наредната не очекува едно поинтересно и
повозбудливо првенство. Но со самиот почеток веќе по само неколку кола и
еуфоријата спласнува. Нема интерес, бледото сивило секаде на трибините,
во соблекувалниците, по весниците, низ телевизиските снимки, па дури и
низ чаршиските муабети. Секаде исто, па исто. Топката се тркала, колата
си одминуваат, кој губи (кој плаќа) а гледачот незадоволен и потиштен.
Каде е тука топката? Каде е тука радосниот извик ГООООЛ ? Каде се
муабетите дали беше офсајд или требаше да има жолт картон? Каде е
исчекувањето на наредниот натпревар на домашен терен? Најверојатно
некаде во фиоките на ФСМ ! Но до кога, прашање е сега... и утре, и
задутре, и позадутре.... и секогаш без одговор... и пак исто.... |
|